Фудбал

НАЈДОБРИТЕ ОД 2017-ТА СЕ ПОДОБРИ ОД НАЈДОБРИТЕ ВО 2021-ТА?

Најдоброто и најскапото селфи во фидбалската историја! Така беше оценето ова селфи, кое глумецот Идрис Елба го направи на гала свеченоста на ФИФА, за наградите за 2017-та година.

На фотографијата ги гледаме Буфон на голот, Алвес, Бонучи, Рамос и Марсело во одбраната, Модриќ, Крос и Иниеста во средниот ред и триото Меси, Роналдо и Нејмар во нападот.

Играч на годината беше Кристијано Роналдо. Има(ло) ли посилен тим од овој во историјата? Би можеле ли сите овие ѕвезди да играат заедно и да освојуваат многу трофеи?