Фудбал

НАГЕЛСМАН ОДЛУЧИ: ДВЕ ГЕРМАНСКИ СУПЕРSВЕЗДИ НЕМА ДА ИГРААТ НА ЕВРОПСКО

Да се игра за Германија на следното Европско ќе биде престиж за секој Германец поради улогата на домаќин, но според германските медиуми селекторот веќе го дефинирал списокот на повикани играчи, а во него двајца германски суперѕвезди нема да се најдат.

Иако УЕФА дозволи сите селекции да имаат повикано 26 играчи наместо 23 како што беше до претходното Европско првенство на кое настапи и Македонија, сепак Нагелсман верува дека за овие двајца играчи нема да има простор во конкуурентниот тим на Германците, кои се надеваат дека четврти пат ќе го кренат трофејот.

Според Билд, Матс Хумелс нема да бидел дел од списокот, иако игра импресивна сезона и со неговиот Дортмунд ќе игра финале против Реал Мадрид на само 12 дена пред почетокот на Европското првенство. Причините се се уште нејасни, но се верува дека Нагелсман сака со нови сили да се обиде на Европското првенство.

Другиот играч кој најверојатно нема да ја почувствува зелената трева на германските стадиони ова лето е Леон Горецка од Баерн Минхен, кој поради пад во формата нема да биде повикан од страна на селекторот Нагелсман.

Се очекува да има нови дебитанти во сениорскиот тим на Германија, која ќе игра турнир пред Европското темпирајќи ја формата за големиот спектакл ова лето.