Тенис

НАДАЛ СЕ ПЕНЗИОНИРА ПО ФИНАЛЕТО НА РОЛАН ГАРОС?

Многу дилеми го пратат Рафаел Надал и неговата иднина, откако многу медиуми најавуваа и претходно дека ова ќе биде последен Ролан Гарос за Шпанецот.

Сепак, „Радио Монте Карло“ денес излезе со една неповолна најава за сите фанови на Надал, во која се вели дека тој закажал уште една прес-конференција, освен стандардната на Ролан Гарос во која тој најверојатно ќе се поздрави со тенискиот свет и активното играње на тенис.

Ваквата најава на „Радио Монте Карло“ се чини „држи вода“ со оглед на фактот дека денес во Париз пристигна и Роџер Федерер, кој освен што ќе го гледа својот најголем ривал во ново финале за 22 Гренд Слем, ќе присуствува и на прес конференцијата за збогум.

За потсетување, Надал има хроничен проблем со стапалото и клучната коска на него, која поради големиот напор деградира од внатре оневозможувајќи му на Шпанецот активно да продолжи да игра професионален тенис. Тој цел турнир игра со бандажирано и анестезирано стапало со цел да го освои за последен пат својот турнир.