Тенис

НАДАЛ НА ПАТЕРИЦИ СЕ ВРАТИ НА МАЈОРКА

Само два дена откако го освои својот 14 Ролан Гарос, најтрофејниот тенисер во светот се врати во својот дом на Мајорка, но придружуван од патерици.

Шпанецот во следниот период ќе биде подложен на нова терапија, која според неговите тренери би требало на одредено време да му ја отстрани болката во стапалото. Терапијата на Надал ќе биде специфична, бидејќи со радиофрекфентни бранови ќе успеат да му го „спржат“ нервот на стапалото, како не би чувствувал болка на коската на стапалото.

За потсетување, истиот „ефект“ на стапалото на Надал беше направен со инјектирање на инекции и анестезии, како Шпанецот не би чувствувал болки во Париз. НО се чини дека следува неколку неделна пауза за него и под знак на прашање е неговиот настап на Вимблдон кој стартува за неполни 3 недели.