Фудбал

НА ПИОЛИ МУ ГО УКРАЛЕ МЕДАЛОТ

Стефано Пиоли за прв пат се заќити со трофеј во својата кариера и тоа не било кој, туку шампион на Италија, но Италијанецот имал несреќа при прославата.

Имено, откако им биле доделени медалите, тој се упатил да прослави со фановите, но еден од фановите неприметно му го украл. Tој истото го изјави и по натпреварот со медиумите, замолувајќи ги надлежните во ФИЦГ да му доделат нов бидејќи првичниот му е украден.

Неколку часа по изјавата, фудбалскиот сојуз на Италија твитна дека медалот ќе биде обезбеден од ново.

Добро е што не им ја украле и титулата? 🙂