Фудбал

НА ХАЛАНД НЕ МУ Е СРАМ ДА СИМУЛИРА, А НА ТЕБЕ ДА ГО ГЛЕДАШ? ИНАКУ, ПРИЈАТЕЛСКА БЕШЕ…

Ерлинг Халанд е најголемото засилување на Манчестер Сити сезонава, но на почетокот на кампањата не му оди баш најдобро или барем не онака како што симпатизерите на синиот клуб очекуваа.

Не само што не му оди во официјалните натпревари, туку не му оди ниту на пријателските натпревари за добротворни цели, на кои глуми дека е сопнат и изнудува пенали:

Љубителите на фудбалот ширум светот беа згрозени од овој акт на норвешкиот напаѓач, на натпревар кој беше организиран за помош на поранешниот голман на Барселона, Хуан Карлос Унзуе кој има болест на мускулите.

Освен ако пеналот не е причина за поголема донација, тогаш на ваквите потези не им е местото на фудбалските терени.