Фудбал

НА ДЕНЕШЕН ДЕН КАЖА ЗБОГУМ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ

Во 2009-та година, по одиграни 902 натпревара во дресот на фудбалскиот клуб Милан, еден и единствен тим во неговата кариера, се прости од бубамарата една од најголемите играчки легенди во историјата на овој спорт.

Паоло Малдини е роден 1968-та, во 1978-та почна во младинските категории на калчолигашот, каде сениорски играше од 1984-та. Освои 7 Серија А титули и беше дел од генерацијата на „Бесмртните“, како и 5 титули во ЛШ.