МОЖЕ ЛИ РЕАЛ ДА ИГРА БЕЗ БЕЛИГОЛ?
Објавено на: 11.12.2023
Фудбалските аналитичари не сопираат со пофалби за учинокот на првата ѕвезда на мадридскиот клуб, која откако дојде во шпанската престолнина постојано е на насловните страници.
Џуд Белингам стрелаше повторни и иако Реал Мадрид не победи, сепак со неговиот гол обезбеди бод во жестоката битка за титулата која се води од почетокот на сезоната.

Англискиот интернационалец има 16 гола и 4 асистенции на 18 натпревари сезонава, за Кралскиот клуб. Што ќе се случи кога ќе престане да погодува, дали тоа воопшто ќе се случи?