МОЖЕ ЛИ МИЛАН ДА НАСТРАДА ОД ЊУКАСЛ, ЗАЕДНО СО ТОНАЛИ?
Објавено на: 13.10.2023
Скај Спортс консултираа адвокат, по прашањето дали англискиот клуб има право да бара отштета и од кого, ако се докаже дека новиот играч се обложувал на мечеви што ги играла неговата екипа.
Њукасл би можел веднаш да го суспендира играчот, доколку се докаже незаконското однесување од негова страна. Во моментот кога е санкциониран, тоа ќе му наштети на клубот, па Њукасл би можело да му го раскине договорот и да го тужи за отштета.
Што се однесува до Милан, Њукасл ќе треба да докаже дека Тонали се обложувал додека бил играч на италијанската екипа, а тие знаеле и молчеле за тоа. Сепак, познавајќи ги италијанските клубови и начинот на кој тие функционираат, тоа би било крајно малку веројатно.
Сагата продолжува…
