МОЖЕ ЛИ ЕРИКСЕН ДА ПРОДОЛЖИ СО ФУДБАЛОТ?
Објавено на: 21.06.2021
Според угледни доктори во регионот, ситуацијата на фудбалерот на Данска кој ја загуби свеста и преживеа инфаркт на мечот против Финска во првото коло, ситуацијата е следна:
Во телото на Кристијан Eриксен е вграден дефибрилатор, кој помага при работата на срцето. Тоа е поткожен инструмент со кој може да се продолжи активно играње спорт, ако помине доволно време од вградувањето.
Проблемот е во болеста што ја има Ериксен и ако таа е сериозна, а не се знае како им „избегала“ на медицинските тестирања, тогаш неговата кариера е готова.
Има играчи што играат и со пејсмејкери, дефибрилаторот е покомплексно прашање, но се зависи од тоа дали играчот има аритмија која е опасна по неговиот живот. – се зборовите на српскиот кардиолог, Др. Арсен Ристиќ.


