Фудбал

МУРИЊО КОРИСТИ ДРОНОВИ ВО РОМА

Методите и тактиките на Мурињо се секогаш на лупа на јавноста, било каде и да бил тренер. Честите кавги со фудбалерите и новинарите создадоа негативна слика за Португалецот, кој секогаш е во центар на вниманието.

Многу пати, неговиот стил на игра е перцепиран како досаден и нескладен со модерниот фудбал кој го играат неговите тренерски ривали. Но 58 годишнио Португалец се чини дека никогаш не престанува со изненадувањата, па така на тренинзите на Рома воведе снимање со дрон.

Со помош на овој дрон, Мурињо и неговиот тим ќе им укажуваат на грешките и тактичките неправилности на играчите во реално време. На тренинг кампот на Рома веднаш до игралиштето поставен и и голем ЛЕД екран на кој се прикажува снимката во живо.

Според медиумите на Апенините, но и на Островот, Мурињо не го користел овој метод во Тотенхем.

Дали иновацијата на Жозе ќе биде доволна за римјаните да бидат многу поконкурентни во Серија А оваа сезона?