Фудбал

МОРНИЦИ: ПОСЛЕДНИОТ YNWA ЗА КЛОП НА ЕНФИЛД (ВИДЕО)

Јирген Клоп за последен пат ја слуша легендарната You will never walk alone од клупата на Ливерпул, а фановите на црвените се погрижија засекогаш да ја запамети.

Тие во невидена бројка го пречекаа клупскиот автобус пред Енфилд, со безброј пораки за благодарност кон Германецот.

Фановите не се штедеа ни на Енфилд, каде што целиот стадион во една кореографија испиша: Ти благодариме Јирген, а помеѓу светите букви YN и WA беше германското знаме.