МОРАТА: ЗА ИТАЛИЈАНЦИТЕ СМЕ ЕНИГМА
Објавено на: 19.06.2024
Шпанија против Италија е дербито кое се чека со нетрпение, а ќе го проследиме во утрешната програма во рамките од второто коло на ЕП.
Ќе биде тоа реприза од европското финале од 2012 година, а селекцијата која ќе триумфира ќе дојде на чекор од пласман во нокаут фазата. И Шпанија и Италија ќе влезат во дуелот со по три бода.
Алваро Мората, капитенот на Црвената фурија, тврди дека Шпанците се енигма за селекторот Спалети, што може да биде клучен фактор во битката за трите бода.
„Да сум на местото од нашиот селектор, не би затворил око навечер од главоболка кого да ставам во првите 11. Тука сме 26 фудбалери кои сите подеднакво заслужуваат да бидат стартери. Можам да го замислам Спалети како се прашува и се чуди, како ќе играме против нив“, изјави капитенот на шпанската репрезентација.
Дербито Шпанија – Италија е закажано за 21 часот.