Останато

МАЈК ТАЈСОН „ЗАЛУПА“ ЧОВЕК ВО АВИОН (ВИДЕО)

Мајк Тајсон можеби не боксува во боксерскиот ринг, но затоа се тепа по авиони и тоа прописно! Ова се случило утринава во авион во кој Тајсон летал со бизнис класа од Сан Франциско до Флорида, а бил изнервиран од сопатник кој постојано зборувал и не го оставал тешкашот да заспие.

Инцидентот бил сниман од друг сопатник кој го повикува Тајсон да запре, но тој не престана, нанесувајќи му тешки повреди на лицето на патникот.

Според очевидци, Тајсон бил пријателски настроен кон сите, дури и кон жртвата, правејќи селфи фотографии, но експлодирал по „тортурата“ која тој вербално му ја правел.