МЕСИНА ГО ИЗНАПОФАЛИ НЕНО ДИМИТРИЈЕВИЌ
Објавено на: 08.11.2024
Нашиот кошаркарски ас блескаше на вчерашниот натпревар против Реал Мадрид, каде што може да се рече дека беше „алфа и омега“ во победата на тимот од Милано.
Нено, играше 26 минути, забележувајќи 22 коша, а од тројка и тоа во клучни моменти стрелаше успешно 4 пати од 9 обиди.
Магот на клупата, славниот Еторе Месина немаше доволно позитивни епитети да го пофали изданието на Нено.
Изјави:
Погледнете како игра… Да не заборавиме дека е дебитант. Во последните четвртини против Виторија и против Виртус влијаеше многу на нашата игра и резултатот. Верувам дека кога ќе биде подобро подготвен физички за Евролигата, ќе остави силен впечаток и печат.
Браво Нено, навиваме за тебе!