Фудбал

МЕСИ ЗА ВЛАКНО НЕ ГО ЛОБУВАШЕ ДВОМЕТРАШОТ КОЈ ИСПЛИВА ПО ПИВО

Што мислеше Тибо Куртоа при корнерот на капитенот на Барселона, знае само тој и никој друг на овој свет. Белгискиот голман тргна да ја натскокува гужвата пред неговиот гол, додека апаратите за навигација му беа исклучени.

Недостасуваа милиметри да биде совладан и Меси да изреализира нова бравуросна мајсторија во мечевите со Реал Мадрид, екипа што со генерации ќе има кошмари од најдобриот фудбалер во поновата историја на Каталонците.