Фудбал

МЕСИ И НЕГОВАТА „HAND OF GOD“

На денешен ден, пред 15 години, Лионел Меси сакаше да му пресуди на Еспањол со гол постигнат со рака, од непосредна близина на голот и пред очите на судијата на тој натпревар.

Оној за кој дел од медиумите велат дека е најдобриот на сите времиња, дека таков играч нема да се роди, дека е вонсериски талент и што уште не, го направи ова:

Добро, постигна гол со рака, но се радуваше како да е тоа гол на неговата кариера. Дали вака постапуваат големите фудбалски мајстори? Дали вака се гради историјата на спортот?

Сепак, на тој ден таа 2007-ма година Реал со Сарагоса и Барса играа по 2:2, Еспањол изеначи во последната минута. Во следното коло Реал победи со 3:1 против Мајорка и ја освои титулата, а Барса пирово славеше со 1:5 кај Гимнастик.

Има вистински Господ, нели?