Фудбал

ЌЕ ИГРА ЛИ МБАПЕ ВО КУП-ФИНАЛЕТО ПРОТИВ БАРСА?

Неконтролираниот страт врз играчот на Алавес го стави Мбапе во незавидна ситуација, откако ВАР реагираше па судијата ја смени одлуката жолтиот картон да се претвори во црвен и дикретно исклучување за офанзивецот на Реал Мадрид.

Кралевите и покрај тоа го добија мечот со 1-0, но сега се чека конечната одлука од дисциплинската комисија колку натпревари ќе „одмора“ Мбапе. Бидејќи е директно иклучување, на Французинот сигурно му следуваат два натпревари суспензија, но казната може да се продолжи и на четири меча, што го става неговиот настап во финалето од кралскиот Куп против Барселона под знак прашалник.

Сепак, детали од старот на Мбапе може да бидат во негова корист, како фактот што Бланко не се здоби со повреда и не беше приморано заменет како последица од несмасноста на Мбапе. По натпреварот, ѕвездата на Реал му се извини на играчот на Алавес поради стартот, но тоа сигурно нема да се земе во предвид при одредување на суспензијата.

Останува да се почека за одлуката на дисциплинската комисија на Ла Лига, а во случај Мбапе да не биде во можност да игра во „Ел Класико“ финалето, шансите на Реал да го освои трофејот значително ќе опаднат.