МБАПЕ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА ФРАНЦИЈА
Објавено на: 20.09.2022
„Најдобриот“ играч на ПСЖ е причина за нови грижи на селекторот Дешамп, затоа што има некои свои видувања за одредени ситуации кога станува збор за француската репрезентација.
Имено, Клијан Мбапе одбил да се фотографира заедно со екипата и одбил да промовира спонзори на репрезентацијата, протестирајќи против услови за правата за фотографиите.

Ова не е првпат, напаѓачот на француската репрезентација и ПСЖ, да прави проблеми на оваа тема. Претходно, го стори истото во март кога протестираше против спонзорите.
Ќе сноси ли санкции своеглавиот Килијан?