Фудбал

МАТО ГО ИЗДРИБЛА ВАРДАР: СЕ СЕЛИ БЕСПЛАТНО ВО ХАРТС

Ако нешто е сигурно во фудбалот, тоа е дека најдобриот потег често се прави без топка. Токму така одигра Роџерс Мато, најдобриот фудбалер на Вардар и крилен напаѓач од Уганда, кој тивко и скришно, си договори трансфер во шкотски Хартс, а тоа значи дека Вардар нема да види ниту едно евро.

Додека низ спортските медиуми кај нас се лицитираше со суми од 350.000, па 500.000 евра, а апетитите одеа и до 1.500.000, Мато си ја одигра партијата својата партија зад грбот на црвено-црните. Преддоговор потпишан, договорот истекува во јуни и преселба во Шкотска.

Хартс официјално потврди дека 22-годишниот напаѓач во јули ќе се пресели во Шкотска и ќе потпише тригодишен договор, нагласувајќи дека благодарение на головите оваа сезона, Мато се наметнал како еден од најинтересните млади фудбалери во Европа, со настап и на Африканскиот куп на нации.