Фудбал

МАКЕДОНИЈА ВО ТРЕТИОТ ШЕШИР ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2028

По завршувањето на натпреварите во Лигата на нации, јасно е дека Македонија ќе биде во третиот шешир при ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Од првиот шешир можни ривали на Македонија се врвните европски репрезентации како Шпанија, Англија, Франција, Португалија, Германија, Холандија, Италија, Белгија, Данска, Грција, Норвешка и Хрватска.

Можни ривали од вториот шешир се Велс, Србија, Турција, Чешка, Швајцарија, Шведска, Австрија, Унгарија, Северна Ирска, Словенија, Босна и Херцеговина и Косово/Ирска.

Место на континенталниот собир кој ќе го организираат Англија, Ирска, Шкотска и Велс ќе има за првопласираните селекции од секоја група, како и за осумте најдобри второпласирани. Останатите четири репрезентации кои ќе завршат на второто место ќе играат во баражот заедно со најдобрите селекции од Лигата на нации кои нема да бидат прво или второпласирани во регуларните квалификации.