РОМАРИО „УДРИ“ ПО АНЧЕЛОТИ: „ЌЕ НАЈДЕМЕ ПОДОБАР СЕЛЕКТОР ОД ТЕБЕ!“
Објавено на: 17.11.2026
Легендарниот бразилски напаѓач Ромарио ја продолжи јавната пресметка со селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, испраќајќи му нова остра порака преку Инстаграм. Поранешниот голгетер не отстапува од ставот дека Италијанецот треба да си замине од селекторската функција.
Конфликтот започна откако Ромарио побара Анчелоти да ја напушти репрезентацијата, на што искусниот тренер возврати дека актуелниот сенатор зборува премногу.
Ромарио сега објасни зошто смета дека има право јавно да го критикува селекторот, потенцирајќи дека неговите коментари не се обид за привлекување внимание, туку произлегуваат од искрената грижа за националниот тим.
„Сакам да му порачам на Анчелоти дека навистина зборувам многу, но кога станува збор за репрезентацијата, имам статус, тежина и авторитет да го кажам своето мислење. Не зборувам за да собирам следбеници или за да им се допаднам на луѓето. Го кажувам она што го мислам. Ми значи бразилската репрезентација! Со години го носев жолтиот дрес и убеден сум дека сум меѓу оние што придонесоа тој да биде почитуван ширум светот“, порача Ромарио.
Тој нагласи дека сè уште ги почитува успесите на Анчелоти на клупско ниво, но смета дека Италијанецот не донел ништо ново во бразилскиот фудбал.
„Ти не донесе ништо ново во нашиот фудбал. Ќе повторам: поднеси оставка! Ќе најдеме друг тренер кој ќе заврши подобра работа од тебе“, порача легендарниот Бразилец.
Ромарио упати критики и кон претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, сметајќи дека Анчелоти требало да биде сменет уште претходно.
„Ова ти го кажувам директно во лице, а не преку порака. Му се обраќам и на претседателот на федерацијата, кој одамна требаше да те отпушти“, заврши Ромарио.