Фудбал

МАЈКАТА НА РОНАЛДО ГО ДАРУВАШЕ ПАПАТА СО ДРЕС

Долорес Авеиро, мајката на португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо му подари дрес на папата Франсис, само неколку месеци откако тоа го стори аргентинската фудбалска икона, Лионел Меси. Папата има 85 години, на столчето седи од 2013-та.

Пред средбата, таа напиша на социјалните мрежи „Подготвена да го добијам благословот на Папата“, а потоа изјави дека средбата била уникатно искуство.

Интересно е што аргентинскиот свештеник доби дрес од екипата на Манчестер Јунајтед, а не од селекцијата на Португалија. Друг момент кој е поврзан со оваа сторија, е инсистирањето на Папата за тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Според него, Лионел Меси е број 1, пред Пеле и Марадона. Папата призна дека никогаш не го гледал Меси во живо, но дека се сретнале двапати досега. оедно, Папата сакал да биде голман кога во детството играле со топка направена од крпи.