Фудбал

ЛУКАКУ ГО ИЗБРИША ЧЕЛСИ ОД СВОИТЕ ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Најскапото засилување на Челси во нивната историја никако да престане да ја бранува јавноста.

Откако за Божиќното интервју на Скај Спорт си ја отвори душата и порача дека сака да се врати во Интер, само 4 месеци откако потпиша за Челси, денес од своите социјални медиуми го тргна исписот „Играч на Челси“.

Не е тајна дека белгискиот напаѓач сака да се врати во Милано, а за неговата желба на долго и широко се пишуваше цела зима и пролет. Лукаку им праќал пораки на управата на Интер изјавувајќи им желба ова лето да се врати назад и бил во постојан контакт со неговите поранешни соиграчи во групите на What’sup.

За да најавите бидат дополнително подгреани, во текот на вчерашниот ден неговиот манаџер Федерико Пасторело, е фотографиран со техничкиот директор на Интер – Пјеро Аусилио во Милано.


Според реномираните италијански медиуми, операцијата би била многу тешка да се изведе, бидејќи финансиските ограничувања на Интер и големата сума која што Челси ја плати претходната година ќе бида најголемите пречки за реализација. Како што јавуваат добро упатени извори во преговорите, Лукаку се согласил на драстично намалување на платата, но се чини дека неговата плата е најмал проблем во преговорите.

Дали по неполна година и 117 милиони евра потрошени од Челси, Лукаку ќе успее да си замине од Лондон останува да видиме. За неговите услуги заинтересирани се и Барселона, Тотенхем, но и лутите ривали на Интер, Милан и Јувентус.