Фудбал

МОДРИЌ ЈА ПРЕДАДЕ 10-КАТА НА НЕГОВИОТ НАСЛЕДНИК (ВИДЕО)

Лука Модриќ кариерата ја продолжува во Милан, по 12 блескави години поминати во Реал Мадрид. Хрватскиот виртуоз иако со тежок пораз од ПСЖ ја заврши авантурата со Кралевите, сепак од Мадрид замина како најтрофеен играч на Реал со дури 28 освоени титули и една Златна топка.

При враќањето САД по Светското клупско првенство, Модриќ направи еден прекрасен гест предавајќи го својот дрес со бројот 10 до неговиот наследник.

На снимката подолу се гледа како Лука му ја предава штафетата на талентираниот Арда Ѓулер, кој сега ќе има обврска да се носи со тежината на дресот со број 10.