Фудбал

ЛУДО, НО ВИСТИНИТО: БЕНЗЕМА ДАДЕ ДВА ГОЛА ВО ИСТА СЕКУНДА!

Францускиот мегастар Карим Бензема по седум години конечно постигна гол на Европско првенство. А кога тој постигнува голови, тогаш се случуваат и луди работи. Верувале или не, Бензема синоќа против Португалија постигна два гола во иста секунда, точно во 46:44 минута од мечот.

Во судиското продолжение од првото полувреме тој погоди во 46:44 минута. По започнувањето на вториот дел, со оглед дека почетокот се брои од 45.минута, без разлика на судиското продолжение во првото полувреме, Карим Бензема го постигна и вториот гол, точно во 46:44 минута.

Очигледно некои работи ги може само фудбалерот на Реал Мадрид.