Кошарка

ЛУД МИКС – ДЏ-ОТ НА САНС ГО ИЗРЕМЕТИ СТИВ КЕР КОЈ СЕ ЖАЛЕШЕ НА МУЗИКАТА

Диџејот во арената на Санс ја искористи неодамнешната поплака на тренерот на Вориорс, Стив Кер, за техно-клуб музиката во Футпринт Центарот како инспирација за нов смешен ремикс. Диџејот ја претстави новата песна за време на поразот на Феникс од Кингс со 114:106.

Ова е изјавата на Кер, по поразот на неговите Вориорс кај Санс со 123:115 на 22-ри ноември:

Во оваа зграда, не можете да слушнете ништо. Како да сме во клуб од Саут Бич, таму. Што правиме? Сериозен сум. Не можев да слушнам ништо таму, освен техно клуб музика. Можеме ли веќе да имаме само еден обичен кошаркарски натпревар, по ѓаволите?

А, ова е ремиксот на диџејот Q-Ward со подлога од нумерата „Satisfaction“ од Benny Benassi: