Фудбал

ЛОГОТО НА ВАЉАДОЛИД И РОНАЛДО ЗАЕДНО СЕ „ПРОШИРИЈА“

Кога го купи (51%) шпанскиот фудбалски клуб Ваљадолид, јавноста остана вџашена. Роналдо најави дека ќе стори се, да го врати во Примера. Моментално клубот вреди двојно повеќе, а бразилскиот ас одбива да го продаде.

Сакам да го оставам некому, кој ќе може да се грижи за клубот подобро од мене, изјави Роналдо. Кога ја најави промената на логото, кое е модернизирано, веднаш се појавија шегобијците кои воочија паралелен „развој“:

Ова се Роналдо Луис Назарио де Лима и грбот на фудбалскиот клуб Ваљадолид, некогаш и сега. Прогресијата е заедничка, нели?