ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ПЕНАЛ ПРОТИВ ЛИВЕРПУЛ НЕ СМЕЕ ДА СЕ СУДИ (ВИДЕО)
Објавено на: 17.02.2024
Ливерпул доминантно помина на гостувањето кај Брентфорд со 4-1, меѓутоа и на овој меч имаше ситуација во која судиите им прогледаа низ прсти на Црвените при најстрога казна. Веќе извесно време се случува судиите да не доделуват пенал за противничката екипа на тимот на Јирген Клоп, особено откако тој најави дека заминува од клубот по крајот на сезоната.
Ситуацијата во 70-тата минута кога залетаниот Робертсон со сета сила се заби во телото на Тони и при тоа не ја допре топката, а сето тоа се случуваше во шестнаесетникот на гостите, помина неказнето, и покрај тоа што ги имаше сите елементи за домашниот тим да добие удар од белата точка.
На социјалните мрежи врие, се жалат дека судиите го фаворизираат тимот од „Енфилд“, кога веќе ваквите инциденти се случуваат во серија, од викенд за викенд.
Вреди ли да се постави хипотетичкото прашање, дали судијата Мајкл Оливер ќе останеше мирен доколку беше обратна ситуацијата, или ќе реагираше бурно со најстрога казна?