Фудбал

ЛИВАКОВИЌ-ТАДИЌ: ФЕНЕРБАХЧЕ ЕКС YU ВО МАЛО

Хрватскиот голман кој го маѓепса светот на последното СП, во Катар, потпиша за турскиот клуб и се сели во Истанбул во следната станица од неговата кариера.

Се споменуваа имиња на многу европски гиганти, но Динамо Загреб и Доминик Ливаковиќ се решија за понудата на Фенербахче (9 милиони евра), каде ќе настапува заедно со Душан Тадиќ кој дојде од Ајакс.

Договорот е на маса, деталите се договорени меѓу играчот и клубот. Фенербахче создава мини екс-југословенска колонија во турската спортска престолнина?