Тенис

ИСТОРИСКИ ТРИУМФ ЗА ЛИНА, ЈА СОВЛАДА НЕКОГАШНАТА ПРВА СВЕТСКА ТЕНИСЕРКА

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, денес ја запиша можеби најголемата победа во својата кариера на челинџер турнирот во Турција.

Нашата Лига ги одмери силите со поранешната светска тенисерка број 1, Каролина Плишкова, па со 2-0 во сетови ја надигра чешката претставничка за пласман во следното коло на турнирот.

Ѓорческа не можеше да посака подобар старт на нејзиниот настап на овој турнир, откако поведе со 1-0 во сетови при 6-4 правејќи брејк во 10-тиот гем. Во вториот сет Лина загуби само три гема, а победата ја потврди откако ја искористи втората меч-топка.

Лина за пласман во 1/4 финалето ќе се соочи белгиската претставничка Софија Костулас.