Фудбал

ЛЕБРОН ВО ТРЕТАТА ПЕТОРКА? КОЕ „МЕМЕ“ НА ЏОРДАН ГО ЗАМИСЛУВАТЕ?

Леброн Џејмс заедно со Крис Пол, Трае Јанг, Паскал Сиакам и Карл-Ентони Таунс се членовите на третата НБА петорка за минатата сезона.

Во втората се Стеф Кари, Џа Морант, ДеМар ДеРозан, Кевин Дјурант и Џоел Ембид.

Во првата петорка се Девин Букер, Лука Дончиќ, Џејсон Тејтум, Јанис Адетокумбо и Никола Јокиќ.

Замислете го сега Мајкл Џордан, кој е константно споредуван со Леброн Џејмс во дебатата за најдобриот кошаркар на сите времиња. Точно е дека не играат на иста позиција и дека никогаш не би можеле играчки да се споредат, но кој има поголем импакт на кошарката, од овие двајца, е клучниот момент.

Кој е најдобриот кошаркар на сите времиња?