Фудбал

ЛЕАО И ТЕО МУ СВРТЕА ГРБ НА ФОНСЕКА?

Стартот на сезоната и новата ера на Фонсека во Милан е далеку од посакуваното ниво, бидејќи росонерите се уште немаат забележано победа во шампионатот по три одиграни кола.

Последен удар беше вчерашниот дуел со Лацио, во кој иако гостите од Милано водеа со 0:1, домаќините во второто полувреме направија 2;1, а финалните 2:2 ги постигна Леао кој влезе од клупата, а на големо изненадување од клупата започна и Тео Хернандез.

Двајцата можеби најдобри играчи на Милан не беа во првиот состав, а Фонсека истото го правдаше пред италијанските медиууми подари тактички причини. Сепак, според многумина, зад таквото сценарио стои незадоволство на новиот кормилар од прикажаното на двете ѕвезди во првите два натпревари.

И Леао и Тео Хернандез влегоа во 70 минута, а минута подоцна судијата досуди пауза за освежување. Сите играчи се собраа крај аут линијата со Фонсека, но Португалецот и Французинот останаа на другиот крај од теренот сами.

Нормално, секој чекаше да дојде крајот на натпрерварот за да се слушнат гледиштата на Фонсека и на двајцата играчи.

Францускиот лев бек изјави:

Јас и Рафа Леао бевме во игра само 2 минути и не ни требаше пауза за освежување. Луѓето сакаат да измислуваат проблеми, но јас и Рафа сакаме само да помогнеме да стигнеме до победата. Немаме ништо против тренерот и соиграчите, во ова сме заедно.

Изјава даде и португалскиот стратег:

Нема никаков проблем, мислам дека и Тео ја објасни ситуацијата. Им кажав на двајцата оваа недела за моите планови за овој натпревар, тие ја прифатија мојата одлука и одиме понатаму. Искрено, не ни видов дека не се со тимот, бидејќи фокусиран бев на други нешта.

Уште од вчера вечер, италијанските медиуми шпекулираат дека Фонсека можеби нема уште многу долго да се задржи на клупата во Милано, бидејќи следуваат два натпревари од големо значење кои ќе ја одредат неговата судбина. Првиот со Венеција за први 3 бода сезонава, а потоа градското дерби против Интер против кој имаат 6 порази по ред.