Фудбал

КУМАН Е НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ НА РЕАЛ?

Мадриѓаните немале 4 врзани победи во Ел Класико од 1965-та година, а холандскиот стратег ја загуби третата средба во низа. Само Патрик О’Конел (1935-40) има таков скор. Ова воедно беше и втор последователен лигашки пораз, на свој терен, за Роналд Куман.

Пред 56 години, Реал имал серија од 7 победи во низа во сите натпреварувања, во вечното дерби (6 лигашки, 1 Куп). Со победата 1:2 кај Блауграна и ремито на Атлетико Мадрид со Реал Сосиедад, Реал Мадрид е во пол позиција на табелата во Ла Лига:

1. Реал Сосиедад 21 (10)
2. Реал Мадрид 20 (9)
3. Севиља 20 (9)
4. Атлетико Мадрид 18 (9) …
9. Барселона 15 (9)