Фудбал

ФАНОВИТЕ НА АТЛЕТИКО ГО ОКУПИРАА ПЛОШТАДОТ ВО МИЛАНО, ИНТЕРАШИТЕ ОДГОВОРИЈА СО „ХАЛА МАДРИД“ (ВИДЕО)

Во Милано е прилично забавно во пресрет на дуелот меѓу Интер и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а особено фановите на двете екипи добро се загреваат со навивачки песни.

Фановите на Јорганџиите кои допатуваа во градот на модата го окупираа плоштадот Дуомо и грмеа со навивачки песни за својот клуб, кога во еден момент група од неколку навивачи на Интер почнаа да ја пејат химната на Реал Мадрид, како пријателски провокативен одговор на славењето на гостите од Шпанија.