Фудбал

ПОЗНАТО ИМЕ СЕ НУДИ НА АНГЛИСКИОТ ГИГАНТ

Реномираниот италијански медиум „Калчомеркато“, излезе со информација дека Антонио Конте се нуди на Челси за евентуален камбек на „Стемфорд бриџ“.

Според весникот, Конте се понудил преку посредник кој има одлична врска со претставниците на Челси, за повторно да менаџира со англискиот гигант, шест години откако го напушти кормилото. Инаку тој е последниот менаџер кој успеал да ја освои Премиер лигата со Сините, во сезоната 2016/17, која воедно беше и прва сезона за Конте во Англија.

Конте веќе извесно време е слободен и бара нов клуб, се поврзува со клупите на Милан и Наполи, но се чини дека екстренерот на Интер и Јувентус повеќе сака да се врати на Островот. Покрај Челси, италијанскиот стратег го предводеше и Тотенхем.

Сепак, понудата за повторна соработка би била можна само доколку Сините му врачат отказ на Маурисио Покетино, а тоа би можело да се случи по крајот на актуелната сезона.