Кошарка

КОНЕЧЕН ОДГОВОР – КАЈРИ НЕМА ДА ИГРА СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ВАКЦИНИРА

НБА лигата пресуди – Кајри Ирвинг не смее ниту да тренира, ниту да игра натпревари во рамките на оваа организација, се додека не се вакцинира против Ковид-19. Оваа информација ја пренесе Шон Маркс, генералниот менаџер на франшизата Бруклин Нетс.

Ирвинг е една од првите три виолини на екипата од Њујорк и заедно со Кевин Дјурант и Џејмс Харден формира трио, кое требаше да претставува движечка сила која ќе ја донесе титулата во оваа населба од Големото јаболко. Дали ќе се вакцинира?