Фудбал

КОЈ КОГО „ИЗРАБОТЕ“ ВО „СЛУЧАЈОТ“ ОБАМЕЈАНГ?

Фудбалот е слободен пазар, исто како и се друго во животот. Нема коректни и некоректни односи, туку има „мене ми одговара“ или „мене не ми одговара“. Картите се во рацете на тој што одлучува, како што беше во случајот со Обамејанг.

Репрезентативецот на Габон, Пјер-Ерик Обамејанг (33) минатата сезона играше во Барселона како препороден, на 24 натпревари постигна 13 гола. Беше главниот креатор на победата на Барса против Реал, прва по три години во Ел-Класико.

Сениорската кариера ја почна во Милан, каде ги помина и последните години од младинската. За росонерите не одигра ниту еден меч, по што замина за Франција каде играше во повеќе екипи, за промоцијата да ја доживее во Борусија Дортмунд (2013-18).

Од 2018-та играше за Арсенал, за 2022-та да премине во Ла Лига. Дали Обамејанг ја искористи Барса, како преодна фаза да се врати во друг поконкурентен клуб во Премиерлигата? Дали погрешно се пресмета со оглед на тоа то сега Арсенал „гази“?