Фудбал

КОГО ЛИ ТРЕБА ДА ИМАШ ВО СОСТАВОТ, ЗА ДА ГО ИЗОСТАВИШ ЧОВЕКОВ

Најдобриот фудбалер на Арсенал сезонава, нема да настапува за селекцијата на кариоките на претстојните натпревари, а со тоа му е загрозен и статусот за настап на претстојното светско првенство во Катар.

Габриел Жезус е во одлична форма, можеби најдобрата во неговиот живот. Ја почна сезоната неверојатно, со четири гола и три асистенции во првите три натпревари во новиот дрес. Но, нема да игра на пријателските со Гана и Тунис.

Го почитувам селекторот, го почитувам Тите, целиот стручен штаб и целата комисија. Јас сум Бразилец и секогаш ќе навивам за мојата репрезентација. Ги почитувам и соиграчите кои се многу квалитетни играчи. Ќе сторам се што можам за да се вратам во националниот состав. – беа зборовите на фудбалерот на Арсенал, кој во летниот преоден рок направи трансфер од Манчестер Сити.

Траба ли Жезус да игра за Бразил?