ЕВРО 24

ЛЕВ ГО НЕМА, НО ИМА ДОСТОЈНА ЗАМЕНА ВО КУМАН (ВИДЕО)

Роналд Куман, селекторот на холандската репрезентација, имаше „Јоаким Лев“ момент на клупата непосредно пред почетокот на дуелот против Полска.

„Борбата“ со мрсулот во носот траеше доволно за камерите да го фатат целиот момент, па целата јавност се згрози кога стратегот одлучи и да вкуси што има во носот, го излижа прстот, се избриша од маицата и продолжи како ништо да не се случило.

Во минатото со вакви сцени „честеше“ Јоаким Лев, поранешниот селектор на Германија, кој очигледно си доби достоен наследник.