КЛУБОВИТЕ ЌЕ РЕШАТ ЗА СУДБИНАТА НА МБАПЕ?
Објавено на: 25.07.2023
Нема преговори меѓу Ал Хилал и Килијан. На почетокот на потенцијалната соработка меѓу трите страни, решаваат организациите, а играчот е изолиран. Дали ова е редовна практика, или не, во моментов не е важно. Битно е дека друг решава за судбината на играчот.

Ал Хилал планира да му понуди плата, на Килијан Мбапе, во висина од 200 милиони евра годишно. Првичните информации беа дека ова ќе биде договор кој ќе трае само една сезона, за да се направи бај-пас меѓу ПСЖ и Реал Мадрид. Вкупната зделка, со обесштетувањето, може да изнесува 700 милиони евра, вклучувајќи ги и комерцијалните договори, а правата на имиџот ќе бидат 100% за Мбапе.

Наводно, и Барселона се вклучува во трката за францускиот репрезентативец со понуда од неколку играчи во замена за обесштетувањето. Наводно, ПСЖ ја прифатил (ненормалната и официјална) понудата на Ал Хилал. Наводно, Мбапе веќе има цврст договор со Реал Мадрид. Ова се информации од проверени и докажани медиуми, во светски рамки.

Дали е вклучен и играчот во оваа фарса, не знаеме. Дали клубовите ќе му ја решат судбината, не знаеме. Дали ова ги чека сите идни фудбалски ѕвезди, не знаеме. Она што со сигурност го знаеме, е дека веќе нема чист спорт, нема емоција, нема поврзаност, нема идентификација, нема традиција, нема природен тек на нештата. Или има? И дали некогаш имало?