Фудбал

ЛЕГЕНДАТА НА ЈУНАЈТЕД ОЧЕКУВА ТЕН ХАГ ДА БИДЕ ОТПУШТЕН

Рој Кин, легендата на Манчестер јунајтед, смета дека Ерик Тен Хаг нема да го дочека крајот на сезоната на клупата на Црвените ѓаволи, поради изјавата по вчерашниот триумф над Виган со 2-0 во ФА купот. Анализата на Кин е дека не виде ништо карактеристично во играта на Јунајтед според филозофијата која ја спроведува холандскиот стратег, а коментарот дека „работата е завршена“, едноставно не е однесување и стандард достоен за еден тренер кој го води гигантот од „Олд трафорд“.

„Воопшто не ја приметив идејата која Тен Хаг се обидува да ја спроведе во играта на неговиот тим. Да, победија и добија лесни противници во следната рунда, но проблемот е поголем. Кога даваше изјава, Тен Хаг спомна „проект“, збор кој премногу често се користи. Веројатно алудира на тоа дека ќе биде разрешен од функцијата во следните неколку месеци. И по толку време, јас не сум убеден како ја води екипата“, изјави Кин.

Манчестер јунајтед во четвртата рунда од ФА купот ќе се сретне со подобриот нисколигаш од дуелот Њупорт – Истли.