КИЕЗА ЌЕ ГО НАПРАВИ ГОЛЕМОТО ИТАЛИЈАНСКО ПРЕДАВСТВО?
Објавено на: 04.08.2024
Ретки се летните трансфер периоди кога од Јувентус во Интер или во Милан или обратно, играчи заминуваат, но се чини дека ова лето може да биде едно од тоа, каде што тежок „капиталец“ ќе го засили ривалот.
Федерико Киеза е на излезни врати од Јувентус, а тоа го потврди и Тијаго Мота на вчерашната прес конфенреција, каде што го „обзнани“ списокот од играчи кои ова лето ќе си заминат од Торино. Еден од нив е и крилниот играч на бјанконерите, кој дојде како големо засилување од Фиорентина, но се чини дека повредите и начинот на игра на Алегри не го истакнаа неговиот целосен потенцијал.
На синот на Енрико Киеза, ова би му било последна сезона во Јувентус, бидејќи договорот му истекуува следната сезона, а преговорите за продолжување на соработката одамна се во застој. Интерес за него поодмна покажаа неколку клубови од Премиер лигата, но и Рома и Наполи, а според италијанските медиуми Интер е оној кој веќе долго одржува контакти со него за негово ангажирање следното лето како слободен играч, нешто што стана специјалност на италијанскиот шампион, кој за потсетување ова лето ги донесе Зиелински и Тареми за 0 евра, а претходната сезона тоа го направи и со Маркус Турам.
Сепак, во неможност да се продолжи договорот, Јувентус сака да го продаде крилниот играч уште ова лето за да може да инкасира неколку милиони евра. Според Република, Интер е тимот во пол-позиција, бидејќи веќе има остварено првични добри разговорори со неговиот агент, а она што се чека за да тргнат во преговори со Гвинтоли е заминување на Сатриано и Кореа од тимот, како би имале доволно пари за трансфер на Киеза на Сан Сиро.
Дали ќе се оствари, останува да видиме, но италијанските медиуми се повеќе го потенцираат Интер како следна дестинација на Киеза.