Фудбал

КАКОВ МАЛЕР: ТРГНА ДА СЛАВИ КАКО РОНАЛДО, СЕ ЗДОБИ СО ПОВРЕДА НА КОЛЕНОТО (ВИДЕО)

Кесли е малерот на неделата по неговиот неуспешен обид да прослави погодок во стилот на Кристијано Роналдо. Фудбалерот на Гремио Пруденте шутираше пенал во куп-дуелот против Монте Азул, па откако противничкиот голман го одбрани неговиот обид од белата точка, Кесли ја затресе мрежата по одбиената топка и истрча кон крајот на теренот за да слави.

Скокна и ја изведе фамозната прослава на Кристијано, но кога застана на нозе почувствува болка во левото колено и веднаш падна на тревата, покажувајќи знаци на болка. Засега нема прогнози колку е сериозна повредата, но се чини дека Кесли го чека подолга пауза.