Фудбал

КЕСИ И КРИСТЕНСЕН ЌЕ СИ ОДАТ ОД БАРСЕЛОНА ЗА ЏАБЕ?

Двата фудбалера кои пристигнаа гратис во летниот преоден рок затоа што им истекоа договорите со претходните клубови, може да си заминат од Барселона ако не бидат регистрирани до сабота, односно за два дена.

Барселона се уште бара излез од финансиската криза, Френки Де Јонг се уште не си ја знае судбината и држи поголем залак од дозволените средства за платите во каталонскиот клуб, па можни се две сценарија:

  1. Заминување на Френки Де Јонг и останување на Кеси и Кристенсен.
  2. Останување на Френки Де Јонг и заминување на Кеси и Кристенсен.

Што е поверојатно?