КЕЈН ГО ОДБИ(Л) БАЕРН ЗА ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 15.04.2023
Англискиот медиум Мирор јавува дека англискиот капитен и кажал “не” на баварската машинерија, чии челници сакале од следната сезона да го видат во своите редови првиот играч на Тотенхем.

Според истиот извор, идејата на Хари Кејн е да остане во Премиерлигата затоа што сака да постави рекорд на постигнати голови во англиското фудбалско првенство.

Напаѓачот од Лондон во моментов има 206 гола, само 54 зад Алан Ширер, што би требало да е достижно во следните три сезони доколку се е во ред со формата на 29-годишниот Кејн.