ЌЕ ОСВОЈАТ ЛИ ОВИЕ ДВАЈЦА НЕКОГАШ, ТРОФЕЈ СО НОРВЕШКА, ЗАЕДНО?
Објавено на: 16.10.2023
По поразот од Шпанија со 0:1, норвешките репрезентативци останаа на 10 бода од 7 натпревари во квалификациите и на едно коло до крајот, имаат 5 помалку од Шкотска и од Шпанија, кои имаат одиграно по 6 меча.
Селекцијата на скандинавската земја може да се пласира на следното европско првенство на УЕФА, кое ќе се одигра 2024-та година во Германија, само преку плеј-офот во Лигата на нациите.

Во спротивно, Норвежаните нема да бидат дел од најголемиот континентален собир на светот. Халанд и Одегард, се уште не играле на едно големо натпреварување. Можат ли да освојат трофеј заедно?