Фудбал

КАДЕ МЕСИ БИ МОЖЕЛ ДА ЈА ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА?

Пред неполн час Марка објави дека потпишувањето на договор помеѓу Меси и Барселона е откажано, наговестувајќи дека двете страни се подалеку од било кога од потпишување на договор.

И веднаш настана лавина од шпекулации и најави, а последна е потврдата на каталонското радио RAC1 кој важи како близок медиум до Каталонците. Според нив, на денешниот ручек помеѓу бордот на Барселона и Меси настанале големи тензии по кој Меси го напуштил состанокот.

Како што јавуваат и Каталонците но и Мадриѓаните, спорна е платата на Меси кој иако се согласил на далеку помала плата од досегашната, денес наидол на ново намалување на предлогот, а исто така на Аргентинецот не му се допаѓа замислата за играта на Барселона од страна на тренерот Куман.

Иако до сега се е на ниво на шпекулација за причините, големите „волци“ веќе се подготвени да ја искористат приликата. Меси е слободен играч и бесплатно може да се пресели во било кој клуб. Потребно ќе биде само да ја договори својата плата.

Како што најавува ЕСПН, најзаинтересирани како и лани се ПСЖ и Манчестер Сити кои веќе ги подготвуваат своите понуди.

Дали Аргентинецот ќе замине од Барселона, останува да видиме.