Соопштенија

ВЛАДО ГО ДОБИ ТРОТИНЕТОТ И ЈА ОТКРИ „СИГУРНАТА“ СТРАТЕГИЈА СО КОЈА ПОБЕДИ

Владо од Гостивар во тесна битка во првата фаза успеа да го освои првиот од четирите електрични тротинети кои ги доделуваме за ова Европско првенство. Ден откако беше „обзнанен“ за победник, го доби електричниот тротинет во населбата Циглана во Гостивар во новиот објект на Златна Копачка.

При примопредавањето на подарокот, ни даде кратки, но многу значајни одговори за сите играчи кои се во натпреварот по вториот електричен скутер или планираат да се вклучат веќе од следната етапа која почнува за два дена, а сите играчи започнуваат од 0.

Честитки Владо, со здравје да си го возиш овој моќен електричен тротинет и многу километри со него.

Ви благодарам многу, навистина супер подарок.

Дали си наш редовен играч? И кои игри ти се омилени и редовно го има на твоите тикети?

Секако, ваш играч сум веќе повеќе години овде во Гостивар, а од игрите ги претпочитам оние на голови, а помалку фиксови.

Како се одвиваше првата етапа во која успеа за 4 дена да освоиш електричен скутер?

Неколку дена пред да започне натпреварот видов дека имате најава за неа и искрено, почнав да анализирам кои денови што да играм. Играм на голови како што кажав и освен натпреварите од Европското, играв на голови и други помалку познати лиги.

Која беше твојата стратегија?

Три тикети секој ден со максимален број на парови, вкупно 50. И многу анализа. 4 дена уплаќав по ред по 3 тикети и 50 пара на секој тикет и на крајот тоа ми се исплати.

Што ќе им порачаш на други играчи кои играат во останатите етапи?

Да бидат упорни, да направат стратегија и да анализираат што да се игра следниот ден. Како што кажав, секој тикет да има 50 пара, бидејќи можеби нема да бидат добитни, но недобитните тикети ќе им донесат ваков подарок каков што добив јас.