ЕВРО 24

ХОСЕЛУ ПРОВОЦИРА: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ВО ПЕТОК ЌЕ ГО ИСПРАТИМЕ КРОС ВО ПЕНЗИЈА

Фудбалската јавност со нетрпение го очекува мегадуелот меѓу Шпанија и домаќинот Германија кој треба да се одигра во петок, во рамките од 1/4 финалето на Европското првенство. За многумина овој дуел важи за финале пред финалето, а истите велат дека селекцијата која ќе слави во овој меч, ќе стигне и до европската титула.

Како што е познато, Тони Крос ги игра последните натпревари во неговата кариера, откако ја потвди пензијата уште пред финалето во Лигата на шампионите. Тој се надева дека ќе спои двете европски титули, но неговите соиграчи до Реал Мадрид кои ги бранат боите на Шпанија, посакуваат да се случи обратното.

Хоселу со веројатно пријателска провокација ја загреа атмосферата пред дербито.

„Ќе биде тоа фантастична битка помеѓу две многу силни репрезентации. Знам дека натпреварот ќе биде посебен од повеќе причини, не само поради што може да биде последен настап на Тони Крос во неговата кариера. Ќе биде тешко, но се надевам дека во петок ќе го испратиме во пензија“, истакна Хоселу.